Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Бизнисменот Беко стабилен по операцијата, но лекарите не даваат прогнози

(ВИДЕО) Бизнисменот Беко стабилен по операцијата, но лекарите не даваат прогнози
Состојбата на српскиот бизнисмен Милан Беко е стабилна по операцијата извршена откако беше застрелан со два куршуми пред неговиот дом. Лекарите сепак се воздржуваат да даваат прогнози. На операцијата присуствувал лично српскиот министер за здравство Златибор Лончар. Полицијата интензивно трага по напаѓачот, за кој се верува дека имал помошник, односно лице кое чувало стража. Увидот е во тек, а се контролираат и возилата на најпрометните локации во Белград. Според првичните информации, напаѓачот го чекал Беко скриен во грмушка пред неговиот дом. Кога бизнисменот излегувал од неговиот автомобил, напаѓачот се доближил до возилото и испукал два куршума во стомакот на Беко. Нападот понатаму го спречил шоферот на Беко, кој истовремено е и негов телохранител. Тој го вратил возилото во рикверц и го поставил меѓу напаѓачот и бизнисменот. Возачот потоа го пренел бизнисменот во болница, додека напаѓачите се дале во бегство. За полицијата и натаму се нејасни мотивите за нападот. Беко важи за еден од најбогатите луѓе во Србија. Кој е Милан Беко, прочитајте повеќе на следниот ЛИНК. http://www.youtube.com/watch?v=DR1vjIuiWaw
Слично

Поврзани вести