(ВИДЕО) Белград знае дека во Скопје ќе има предвремени избори
Ќе има ли во Македонија предвремени парламентарни избори годинава, заедно со претседателските? Ова прашање се почесто се поставува во јавноста, а македонските политички лидери за сега тврдат дека за таква опција нема согласност.
Сепак, потпретседателот на српската Влада и лидер на Српската напредна партија Александар Вучиќ изгледа знае повеќе. Во емисијата на Б92 „Впечаток на неделата“, тој ја правдаше одлуката на неговата партија да оди на вонредни избори со примерот на Македонија.
„Зошто во многу земји се одвиваат вонредни избори? Зошто во Македонија ќе има повторно избори? Не постои никаков проблем ни во Македонија ни во другите земји, претпоставувам дека господинот Груевски сака на избори од некои трети прични, а не поради проблемите во неговата коалиција. Не постојат проблеми во нашата коалиција, јас многу се кршев пред да ја донесам одлуката”, изјави Вучиќ.
Според него, во Македонија ќе има вонредни избори во април.
Еве го целото негово интервју за емисијата „Впечаток на неделата“:
http://www.youtube.com/watch?v=X5EXcQZdn_k
Слично
