Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Белград од утрово под опсада – геј парада ќе има, есктремната десница најавува контра-протест

(ВИДЕО) Белград од утрово под опсада – геј парада ќе има, есктремната десница најавува контра-протест
Главниот град на Србија, Белград, од утрово е под силно полициско обезбедување заради најавената Парада на гордоста што треба да се одржи. Полицијата ги легитимира сите сомнителни лица и  најави дека на  оние кои ќе се обидат да предизвикаат инцидент ќе им се суди по итна постапка. http://www.youtube.com/watch?v=nM4GBobtlFY Организаторите се категорични дека парадата ќе се одржи, иако утрово во Белград осамнаа нови навредливи графити со закани. http://www.youtube.com/watch?v=NF4-73rrwg8 До крајниот рок на полноќ, властите не го забранија одржувањето на геј-парадата, иако синоќа екстремното десничарско движење „Двери“ организираше масовни протести и се закани дека нема да дозволи одржување на манифестацијата. Од „Двери“ најавија дека денеска повторно ќе се соберат доколку се одржува парадата. Вчера, на нивниот собир присуствуваа меѓу 2.000 и 3.000 луѓе, кои сметаат дека Парадата на гордоста не е прашање на човекови права и ги загрозува семејните вредности во Србија. Насобраните носеле српски, руски и грчки знамиња, како и пароли, а еден помал дел од нив со петарди и шишиња се обиделе да предизвикаат инцидент, но биле спречени од српската полиција. Новиот собир на „Двери“ е закажан за попладнево, иако српската Влада за денеска најави дека ќе ги спречи сите собири освен Парадата на гордоста, за да овозможи нејзиното одржување без инциденти.
Слично

Поврзани вести