(ВИДЕО) Белград: Град и јак дожд се спуштија над темното небо
Денеска нешто пред 16 часот српската престолнина ја зафати јако невреме пратено со обилен дожд и град.
Неколку часа пред невремето над градот се надвиснуваа густи и црни облаци, кои доцна попладне преминаа во јак дожд, па следеше град со големина на лешник. Врнежите и градот се менуваа наизменично цели 15 минути што влијаеше на градските улици да протечат потоци со вода.
Сообраќајот на авто-патот кон Ниш е во застој поради водата. Еден автомобил останал заробен во водата со што направил колона во сите три ленти, пишуваат српски медиуми.
Обилните врнежи го забавија сообраќајот во градот, поради што на поедини фрекфентни улици дошло до застој на колоните.
Во Хитната помош велат дека бројот на интервенции на јавно место се зголемил од 17 на 38.
Српските метеоролошки служби предупредија за можно невреме денеска и утре.
