Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) БЕГААТ МЕШТАНИТЕ И ТУРИСТИТЕ: Aлармантно е со пожарите на Родос

(ВИДЕО) БЕГААТ МЕШТАНИТЕ И ТУРИСТИТЕ: Aлармантно е со пожарите на Родос

Ситуацијата со шумскиот пожар на грчкиот остров Родос е алармантна. Има масовна евакуација на жители и на туристи од хотелите. Огромни облаци од чад се извиваат над островот. 

Евакуирани од два хотела во одморалиштето Киотари, затоа што шумскиот пожар веќе петти ден гори и е надвор од контрола. Во хотелите има над 30 автобуси за превоз на туристи во побезбедна област, пренесе грикрепортер.

Властите го евакуираа и селото Лаерма и другите населени места.  Мештаните во Лаерма ја добиле СМС пораката за евакуација 112 вчера околу 22.30 часот.

Туристите и локалните жители се повикани да се преместат на плажата Лардос, каде што грчката крајбрежна стража распореди голем број бродови доколку е неопходна евакуација. Голем дел од островот е без струја затоа што електраната во јужен Родос е затворена од безбедносни причини.

Грција денеска е во максимална готовност и поради топлотен бран со очекувани температури над 44 Целзиусови степени. Ова е најтопол викенд за последните 50 години. 

Претходните лета Грција, Турција и други земји се соочуваа со големи шумски пожари. 


Слично

Поврзани вести