Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Барикади пред Собрание-Порака за дипломатите пред ЕУ Инфоцентарот

(ВИДЕО) Барикади пред Собрание-Порака за дипломатите пред ЕУ Инфоцентарот

„Нема правда, нема мир“, извикуваат и денеска граѓаните и поддржувачи на Шарената револуција.

sobranie barikadi

Протестот како и обично почна со поддршка за СЈО а оттаму протестите продолжија до ЕУ инфоцентарот каде на  асфалтот пред зградата со боја испишаа порака за дипломатите од ЕУ„Селективна правда е неправда“, на англиски јазик .

Протестот од пред ЕУ Инфоцентарот продолжил кон Собранието, но таму се наоѓале бројни полициски сили и барикади кои блокирале половина од булеварот со цел протестантите да не можат со катапулт да го бојат Собранието.

„Нема да запреме додека не се повлече аболицијата целосно. Не неколку, туку сите треба да бидат предмет на истрага. Чекориме по улицата за сите кои се сомничат за криминал да бидат изведени пред суд. Претседателот си поигрува со нас, но уште повеќе се поигрува со правдата. ‎Протестирам‬ за да не го дозволам ова поигрување. протестирам затоа што додека Иванов суди кого да аболицира а кого не, на нашите соборци им се продолжи притворот. Таква „правда“ не е правда, селективна правда е неправда“, велат од Протестирам.

ВИДЕО-ФОТО: РадиоМоф/Твитер

Слично

Поврзани вести