(ВИДЕО) Балон за летање со туристи заглавил помеѓу карпи на Родопите
Летачки балон се
заглавил во карпите на Родопите, околу Пловдив. Инцидентот се случил во близина
на селото Устина, во областа позната како Кула, пренесуваат бугарските медиуми.
Во балонот за летање имало тројца туристи, а заглавиле со леталото во карпите вчера околу 20 часот по источно еврпско време.
„Балонот за летање на топол воздух полета од Перуштица, каде што денес има празник и има свечена програма, но по само неколку минути изгубија височина и се заглави балонот во карпите“, раскажал очевидец пред бугарски сајт.
Во Перуштица имало и огномет по повод 142 години од избувнување на Априлското востание и најверојатно балонот бил дел од атракциите во градот. Лицата кои се наоѓале во заглавениот балон за брзо време биле спуштени на земја и се наоѓаат во добра здравствена состојба.
Видео TrafficNews TV
