Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) БАЛКАНОТ НЕМА МИР ОД ЗЕМЈОТРЕСИ: Еве како се тресеа грчки и турски остров

(ВИДЕО) БАЛКАНОТ НЕМА МИР ОД ЗЕМЈОТРЕСИ:  Еве како се тресеа грчки и турски остров

Земјотреси денеска се регистрирани во Грција, Турција, Албанија, Хрватска, и Словенија. 

Граѓаните на Турција денеска во паника излегоа на улици, исплашени од земјотресите. 

Земјотрес од 5,4 степени го стресе грчкиот остров Родос и турскиот Мармарис, а епицентарот бил североисточно од градот Измир.

Турција од минатата недела се справува со последиците од смртоносниот земјотрес од 6.8 степени. 

Вчера во земјата е запрена спасувачката операција по земјотресот во кој загинаа 41 човек. 

Акцијата беше прекината бидејќи припадниците на службата за вонредни ситуации го пронашле последното тело на лицето по кое се трагало. 

Од под урнатините беа извлечени и спасени 45 лица.

Во текот на денешниот ден имало најмалку 20 земјотреси во Турција. 

Загреб утрово беше погоден од земјотрес со јачина од 3.7 степени по Рихеровата скала. 

Лани во ноември, во соседна Албанија земјотрес однесе над 50 животи, а земјата за да се опорави и за да ги изгради урнатите куќи, ќе треба да поминат две години. 


Слично

Поврзани вести