ВИДЕО: БАКА ПРАСЕ ОСТАНА БЕЗ ЏИПОТ ВРЕДЕН 500.000 ЕВРА: Некој му го запалил возилото
Луксузниот автомобил на српскиот јутјубер Бака Прасе беше изгорен утрово пред неговиот стан во елитната белградска населба Белград на вода.

Станува збор за „Мерцедес Г класа Брабус“, модифицирана верзија на моделот на Mercedes-Benz, доработена од германската компанија Brabus, чија вредност се проценува на околу 500.000 евра.
Автомобилот бил паркиран пред зградата во која живее јутјуберот, кога избувнал пожар што го зафатил предниот дел од возилото. Според објавите на социјалните мрежи, Бака Прасе ја снимал сцената од прозорецот на својот стан и видеото го споделил со своите следбеници.

„Почивај во мир БРАБУС 2023–2026“, напиша тој во описот на објавата.
Засега нема официјални информации за причините за пожарот. Надлежните органи извршиле увид на местото на настанот и во тек е истрага за утврдување на околностите под кои дошло до инцидентот.
