Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) АВТОБУС СЕ ПРЕВРТЕ ВО ТУРЦИЈА: Загинаа осум луѓе, има и многу повредени

(ВИДЕО) АВТОБУС СЕ ПРЕВРТЕ ВО ТУРЦИЈА: Загинаа осум луѓе, има и многу повредени

Се преврте автобус во Турција, при што осуммина загинаа, а 26 луѓе се повредени. 

Патнички автобус што сообраќал од Текирдаг до Анталија се превртел откако возачот не успеал да помине на кривина. На местото на несреќата се испратени полициски и медицински екипи, пишува ТРТ Хабер.

Гувернерот на Анталија, Хулуси Шахин, објави дека несреќата се случила во 10:20 часот по локално време.

Иако причината за несреќата сè уште не е јасна, се верува дека патиштата биле влажни и лизгави поради дождот, што можеби придонело за несреќата на автобусот.

фото принтскрин X


Слично

Поврзани вести