Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) АВТОБУС ИЗЛЕТА ВО ПРОВАЛИЈА ВО ЦРНА ГОРА: Најмалку двајца патници загинаа, а има и повредени

(ВИДЕО) АВТОБУС ИЗЛЕТА ВО ПРОВАЛИЈА ВО ЦРНА ГОРА: Најмалку двајца патници загинаа, а има и повредени

Страшна автобуска несреќа се случи денеска во Црна Гора, каде има загинати, но и повредени. 

Црногорскиот портал Дан објави видео од дрон од местото на тешката автобуска несреќа што се случи денеска на патот Цетиње-Будва, во која загинаа најмалку две лица, а неколкумина се повредени.

На видеото што го објави Дан, се гледа автобусот кој е речиси на дното на бездната.

Во автобусот во моментот на несреќата имало меѓу 30 и 35 патници, а првите информации од Полициската управа се дека загинале три лица, но лекарите досега ја констатирале смртта на двајца патници.

Како што дознава ТВ Вијести, 17 патници се полесно повредени и префрлени во болницата во Цетиње, а едно тешко повредено лице е пренесено во Клиничкиот центар во Подгорица.

Моментно се чека елеватор кој треба да го извлече автобусот од провалија, за да утврдат дали има повеќе патници под возилото.

Го пребаруваат и теренот, за да се утврди да не испаднал некој од автобусот.

Полицијата го приведе возачот и тој рекол дека почувствувал силна болка во задниот дел на главата, а потоа автобусот удрил во заштитната одграда, ја скршил и возилото паднало во провалија.

фото принтскрин


Слично

Поврзани вести