(ВИДЕО) Аврамопулос ја „исече“ македонската химна?
Грчкиот министер за одбрана Димитрис Аврамопулос, за време на посетата на неговиот македонски колега Талат Џафери во Атина, го прекинал интонирањето на македонската химна, пишува грчкиот електронски весник „Иефимерида“.
Според весникот, се работи за ужасен дипломатски потег на Аврамопулос, кому му пречело што во химната се споменува „Македонија“. Исто така, шефот на грчката армија сметал дека во химната се споменува и „Егејот“, иако такви рефенци во македонската химна нема.
„Затоа за време на свечениот пречек на Џафери имаше само вообичаена инспекција на свечената гарда за дочек, но не и интонација на химните“, објаснува весникот.
Грчките медиуми денеска коментираат дека Аврамопулос ја „исекол“ македонската химна, која според Грците е „провокативна, затоа што во неа дури шест пати се спомнува терминот Македонија“.
Во грчките медиуми нема информации дали македонскиот министер реагирал на тоа што не се интонира државната химна на пречекот.
Посетата на Џафери во Атина беше најавена како „посета на министерот за одбрана на ФИРОМ“, а истото беше истакнато и на видео-бим во грчкото Министерство за одбрана за цело време додека трае разговорите на делегациите.
Како изгледаше пречекот на македонскиот министер за одбрана во Атина, повеќе од видеата:
http://www.youtube.com/watch?v=WhE4k7eQM00&feature=youtube_gdata
http://www.youtube.com/watch?v=g7KKACthukA
Слично
