Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Десет причини за нова истрага за Младенов

(ВИДЕО) Десет причини за нова истрага за Младенов
„Проектот Вистината за Македонија продолжува. Колку и да боли, колку и да е непријатна реалноста во Македонија, тажна, мачна, граѓаните мора да ја дознаат целата вистината. Интересот на граѓаните, на државата, е над се. Криминалното владеење на Никола Груевски и неговите најблиски соработници е целосно разобличено. Излезе на виделина нечовечноста, суровоста, безчуствителноста на нелегитимната власт. Денеска, јавноста ќе слушне уште една болна вистина, вистината за истрагата поврзана со смртта на великанот на македонското новинарство Никола Младенов. Поминаа две години од трагичниот настан во којшто загина основачот и сопственикот на неделникот „Фокус“, новинарот Никола Младенов. Неуморен борец за слобода, вистина и правда. Критичар на секоја власт. На овој голем човек Македонија му должи многу, не само заради неговиот огромен придонес во развојот на новинарството во нашата земја. Затоа денеска, како што доликува за еден ваков великан, ќе презентираме повеќе докази, аргументи и факти за што би Ве замолил за внимание и трпеливост поради времето коешто го одвојуваме. Доказите коишто ќе ги објавиме денеска јасно упатуваат дека постапката за смртта на Никола Младенов, случајно или намерно, власта на Никола Груевски ја водела непрофесионално, неодговорно, со намерно прикривање на клучни информации од јавноста. Доказите и аргументите ќе покажат десет причини, зошто е неопходно да се спроведе вистинска истрага за смртта на Никола Младенов“, вака денеска ја започна прес конференцијата опозицискиот лиде Зоран Заев. Во видеото може да ги слушнете сите аудио разговори што беа објавени денеска.   [embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/TRWm_31Omk8[/embed]
Слично

Поврзани вести