Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО-АУДИО) „Бомба 13“ – Испишани најгрдите страници од историјата на Македонија

(ВИДЕО-АУДИО) „Бомба 13“ – Испишани најгрдите страници од историјата на Македонија

Денес на прес конференција во која истакна дека актуелната состојба  во земјава е следена од целата јавност во Европа и пошироко Заев објави нови аудио разговори, во кои како што тврди се откриваат огромни и незапаметени злоупотреби од страна на една власт и докази кои докажуваат дека премиерот Никола Груевски е вистинскиот сопственик на контроверзните плацови на Водно.

„Да се случеше ова во која било друга земја, макар и со минимум демократија, комплетната власт ќе си дадеше оставка, ќе се извинеше на граѓаните и ќе се повлечеше од политичкиот живот.

Груевски кој со неговите неколкумина соработници, здружено, исклучиво за лични цели и интереси, кршел Устав, закон, се изживувал врз луѓе и судбини...не е таков човек!“, рече Заев.

[embed width="700" height="450" ]https://www.youtube.com/watch?v=cMrWZ20-9KU[/embed]

Тој во аудио разговорите кои се водени помеѓу премиерот Груески и министерот Јанакиески рече дека ќе се слушнело како Груевски го демантира Груевски и во нив, Груевски лично, прецизно, договара со Јанакиески каде и колкава ќе биде парцелата на Водно, на име на фирмата од Белизе, каде што управител е неговиот кум - за којашто бара: “да се прошири нагоре“, се интересира за “највисоката точка“, сака никој да нема “над него“, бара “пат“ што води до оваа парцела, тргува со плацеви, блиску до куќата на Тодоровиќ на Водно, како му е важно и `се да се среди “до април“.

Во аудио снимка според Заев можеше да се слушне и како Груевски му признава на Јанакиески дека го лажел Фијат Цаноски дека му нашле грешки во градбата, а Миле Јанакиески уште предлага “да му најдат маана“ за целиот товар да падне на грбот на Фијат Цаноски против кого е насочен одмаздничкиот чин. Сето ова е со цел за да се спаселе од одговорност градоначалниците на Гази Баба и на Скопје, Тони Трајковски и Коце Трајановски, бидејки тие му дале одобрение за градба на Цаноски согласно закон, да го гради објектот што му го рушат Никола Груевски и Миле Јанакиески.

Заев порача премиерот да си даде оставка и да ги остави соработниците да го направат истото.

Тој прецизираше дека ќе следуваат докази за уште многу незаконски и криминални работи и дека досегашните телефонски разговори и оние што ќе следуваат во наредниот период, се дебела причина, не само за поднесување оставка, туку и за заминување на Груевски и на групата околу него, од политичката сцена.

„Испишани се најгрдите страници од историјата на Македонија. Нема да дозволиме да се допишуваат нови грди страници. Нема да дозволиме ова никогаш повеќе да се повтори“ изјави на крај Заев.

Целата прес конференција може да ја слушнете подолу во видеото.

[embed width="700" height="450" ]https://www.youtube.com/watch?v=luzIaFZzsl8[/embed]

Слично

Поврзани вести