Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) АТЕНТАТ ВРЗ РУСКИОТ АМБАСАДОР ВО АНКАРА: Застрелан Андреј Карлов

(ВИДЕО) АТЕНТАТ ВРЗ РУСКИОТ АМБАСАДОР ВО АНКАРА: Застрелан Андреј Карлов

Амбасадорот на Русија во Турција Андреј Карлов е застрелан од огнено оружје на отворањето на изложба на фотографии во Анкара, јавија турски медиуми.


Тој е префрлен во болница со тешки повреди, а во нападот се повредени уште неколку лица. На местото на несреќата стигнал министерот за внатрешни работи на Турција Силејман Сојлу.


Очевидци велат дека се работи за атентат.

Вооружен човек на Карлов му пукал зад грб, додека тој го завршувал говорот на отворањето на изложбата. 


Напаѓачот откако што пукал во рускиот амбасадор пукал во воздух кога присутните во салата во паника почнале да бегаат надвор од зградата.


Слично

Поврзани вести