Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Апсење на вработени во неготинскиот Катастар, осомничени дека примиле мито

(ВИДЕО) Апсење на вработени во неготинскиот Катастар, осомничени дека примиле мито
Двајца вработени во подрачното одделение на Агенцијата за катастар на недвижности во Неготино биле уапсени под сомнение дека барале поткуп за да забрзаат предмет во нивна надлежност. Според првичните информации, се работи за поранешни советници во Советот на Општина Неготино. Двајцата биле приведени од нивното работно место. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, поднесена е кривична пријава против 32-годишниот З.Ј., референт за прием на пријави и 44-годишниот Д.Ѓ, вработен како помлад соработник за геодетски работи. Се сомничат дека ја злоупотребиле својата службена должност и на сограѓанин му побареле мито од 900, а му зеле 400 евра за да запишат објект без елаборат. Повеќе детали за тоа како изгледала полициската операција, од видеото: http://www.youtube.com/watch?v=DrZMLwncI9U
Слично

Поврзани вести