Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВИДЕО: Апсења во Бања Лука, го оштетиле банкарскиот сектор за 123 милиони

ВИДЕО: Апсења во Бања Лука, го оштетиле банкарскиот сектор за 123 милиони
Во опсежна полициска акција во Бања Лука, БИХ се уапсени 10 луѓе. Акцијата „Лавина“ ја изведе Агенцијата за истрага и соработка заедно со Министерството за внатрешни работи во Република Српска, а по налог на судството. До акцијата дошло по неколкумесечна истрага за незаконитости во Бодар банка, поврзано со правни лица од групацијата Бодар и банкарски сектор, соопштуваат од судството. Лицата се осомничени за злосторничко здружување, делувале во меѓусебен договор, направиле низа незаконитости во работењето на Бодар банка, првенствено во областа на кредитите, со незаконски банкарски гаранции за разни работи, кршејќи го Законот за банки. На овој начин незаконски заработиле 123 милиони км, што е 10% од буџетот на сите институции во БИХ. Ова несовесно работење ќе доведе до стечај на банката и потрес во банкарскиот сектор на БИХ. [youtubevideo url='https://youtu.be/gvFmUbQZz3s']
Слично

Поврзани вести