Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) АЛБАНСКИТЕ ПРАТЕНИЦИ СЕ БЕСНИ: Запалија кукла со ликот на Еди Рама

(ВИДЕО) АЛБАНСКИТЕ ПРАТЕНИЦИ СЕ БЕСНИ: Запалија кукла со ликот на Еди Рама

Опозицијата во Албанија запали кукла со ликот на премиерот Еди Рама. Тие ги запалија ликовите на Рама, министерот за внатрешни работи Фатмир Џафаи и уште двајца политичари. Откако не успеаја да влезат во салата, пратениците на опозицијата го прекинаа протестот, а социјалистите ја затворија седницатач Тие се бесни затоа што нивни колега е осуден на затворска казна за клевета. Пратениците на конзервативните демократи, кои повикаа на бојкот на денешната седница на Собранието, се обидоа да го блокираат влезот на нивните колеги од владејачката Социјалистичка партија. Тие протестираа поради затворањето на Ервин Салијани, кој во 2018 година побара оставка од тогашниот министер за внатрешни работи поради обвинувањата дека братот на министерот се занимавал со незаконски активности, кои подоцна се покажаа како невистинити.

На 30 септември, пратениците запалија столчиња пред албанското Собрание. 


Слично

Поврзани вести