(ВИДЕО) Албански пратеници се степаа среде улица, едвај ги раздвои полиција
Жестоката расправа во Законодавната комисија на албанскиот Парламент, неколкумина пратеници решија да ја завршат на улица со тупаници. Гент Стразмири од Демократската партија од една страна и Џемал Кефалиа и Армандо Пранга од Партијата на социјалистите на Албанија се скараа на излегување од законодавниот дом.
Кавгата меѓу Стразмири и Пранга прерасна и во физичка пресметка, па беше неопходна интервенција и на албанската полиција. Полицајците едвај успеаја да ги раздвојат пратениците.
http://www.youtube.com/watch?v=NmsAuvBmLi8#t=24
Слично
