(ВИДЕО) АЛБАНИЈА: Aвтомобилот им заврши во река, по што надојдената вода однесе татко и син
Поплави има на северот на Албанија, а надојдената вода однела татко и син.
Нивниот автомобил завршил во реката при поплавите на северот на земјата, додека итните служби ги евакуираат загрозените поради обилните дождови. Девојка која била со нив во автомобилот, успеала да се спаси.Дел од училиштата се затворени во погодените области, а албанските итни служби почнале да ги евакуираат луѓето од околината на градот Скадар. Во Косово има поплави, но засега нема настрадани.
Во Тутун во Србија настрада мало дете во поплавите откако паднало во река.
Во Македонија два дена по ред има врнежи од дожд, а имаше и предупредување дека е можно да има локални поплавувања.
foto EPA - EFE
Слично
