(ВИДЕО) Алармантно и во Демир Капија!
Големата количина на врнежи предзвика поплави и низ улиците на Демир Капија.
Реката Бошавица се излеа и поплави дел од железничката пруга Демир Капија - Гевгелија, па предизвика прекин на железничкиот сообраќај. Од Центарот за управување со кризи велат дека освен железничката пруга, поплавени се улици и подруми.
Во Кавадарци до 7 часот утринава во градот наврнале 16 литри на метар квадратен, а резултатите од мерењата во 13 часот покажаа дека количината на дожд е зголемена за уште 4 литри и вкупно има наврнато 20 литри на метар квадратен.
Вакво време не очекува се до недела но врнежите ќе бидат со послаб интензитет!
(ВИДЕО:Бриф.мк)
Слично
