Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Активисти го гаѓаа со торта косовскиот вицепремиер поради Заедницата на српски општини

(ВИДЕО) Активисти го гаѓаа со торта косовскиот вицепремиер поради Заедницата на српски општини

Активисти на опозициската Социјалдемократска партија денеска фрлија торта и милкшејк кон Бесник Бислими, вицепремиерот на Косово и главен преговарач во дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Претседателот на Социјалдемократската партија, Дардан Молиќај, на Фејсбук објави видео од овој инцидент, со порака – колач и милкшејк за „Заедницата“.

Се мисли на Заедницата на српските општини. Тој изјави дека ќе организира протест в сабота на 25 март. 

На Косово има отпор за формирањето на Заедницата на српски општини (ЗСО). Eкс советникот на косовскиот премиер Албин Курти, Шкељзен Гаши, најави дека ќе  гаѓа во куќата на Курти со „молотов коктел“ ако тој формира заедница на општини со српско

мнозинство.

Слично

Поврзани вести