Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) АКТЕРСКАТА СЦЕНА ВО СРБИЈА ЗАВИЕНА ВО ЦРНО: Почина актерската легенда Ѓоша

(ВИДЕО) АКТЕРСКАТА СЦЕНА ВО СРБИЈА ЗАВИЕНА ВО ЦРНО: Почина актерската легенда Ѓоша

Актерот Богољуб Митиќ Ѓоша изненадно починал утрово во 49-тата година од животот. Според првите информации кои се појавија во јавноста, Ѓоша доживеал срцев удар. Зад себе остави сопруга и две ќерки.

Својата голема популарност Богољуб ја стекнал со улогата во домашната серија „Семејно богатство“ во која го толкуваше ликот на Ѓоша по кој и го задржа истиот прекар.


Поедини сцени од оваа серија и денес се прераскажуваат и многумина слатко се смеат со него и актерскиот партнер Тика Шпица, кој го толкуваше Предраг Смиљковиќ.

Покрај „Семејно богатство“, Богољуб играл и во многу други домашни серии и филмови како што се „Тајната на семејното богатство“, „А сега Адио“, „Биди фин“, „Селјаци“, „Се е за луѓе“, „Леле бато“, „Тесна кожа“.


Митиќ имал и разни кратки скечеви во емисиите кои се емитуваа на Пинк телевизија во кои со задоволство раскажуваше вицеви.

Истото го практикувал и кога гостувал во некои емисии и на публиката и стана синоним за смеа.


Слично

Поврзани вести