Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) АКЦИЈА „АРСЕНАЛ“: Девет лица осомничени за злоупотреби со сервисирањето на хеликоптерите во Украина

(ВИДЕО) АКЦИЈА „АРСЕНАЛ“: Девет лица осомничени за злоупотреби со сервисирањето на хеликоптерите во Украина
Вкупно девет лица се уапсени во полициската акција „Арсенал“ утрово. Полицијата ги сомничи привредените за злоупотреби и измами со кои од армискиот буџет успеале да извлечат 2,7 милиони долари преку постапката за сервисирање на хеликоптерите во Украина. Повеќето од уапсените се бизнисмени, но приведен е и поранешниот шеф на Сектор за логистика при Министерство за одбрана. Само еден од групата не е уапсен, бидејќи се наоѓал на болничко лекување. http://www.youtube.com/watch?v=7Nulqlgs1Fs Уапсените бизнисмени биле посредници при сервисирањето на армиските хеликоптери во Украина. Тројца од нив меѓусебе биле и во роднински врски. Меѓу уапсените се поранешен директор на „Сувенир“ од Самоков, но и сопственикот и управител на „Специјална опрема - Скопје“. Службеникот од Министерството за одбрана, пак, претходно бил приведен и во аферата со резервните тенковски делови за која беше осуден ексминистерот Владо Бучковски. Пријавените девет лица се од Скопје, Кочани, Струга и Пробиштип. Тие се на возраст од 51 до 67 години и се во својство на овластени потписници на нерезидентни сметки во Комерцијална банка, како и  сопственици , основачи, директори или управители на фирми во Кипар, Бугарија, Влика Британија, Кипар и Македонија. Во криминалните активности учествувале фирмите „Дрвомак“ од Благоевград, Бугарија, КЛ „Техносервисес“ ЛТД, Ливерпул, Велика Британија, „Деликатес трејдинг“ на Кипар, „Студио Д“, Кочани, „Делтатекс“, Кочани,„Специјална опрема“- Скопје, и „Сувенир“ – Самоков Македонски Брод. Имено, според обвиненијата, лицата се товарат дека земале повеќе пари од потребното за сервисирање на хеликоптери на АРМ во Украина, со што ја оштетиле државната каса за 2, 77 милиони долари или 135 милиони денари. За сервисирање на хеликоптерите плаќале и за делови кои не биле потребни. Подоцна овој остаток од пари легнувале на сметки на фирмите во и надвор од Македонија, велат од МВР.
Слично

Поврзани вести