Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) АДВОКАТ ДОНЕСЕ МАГАРИЊА ПРЕД КОСОВСКОТО СОБРАНИЕ: Kаква порака сака да испрати?

(ВИДЕО) АДВОКАТ ДОНЕСЕ МАГАРИЊА ПРЕД КОСОВСКОТО СОБРАНИЕ: Kаква порака сака да испрати?

Приштинскиот адвокат Арианит Кочи денеска донесе четири магариња пред Собранието на Косово, протестирајќи против блокирањето на конституирањето на парламентот. Кочи рече дека магарињата се донесени од Исток.

„По пресудата на Уставниот суд, утврдив кој е виновен, тоа е Аљбин Курти“, изјави Кочи.

Тој ги критикуваше другите партии кои се претставени во косовскиот парламент затоа што не се подготвени да придонесат за излез од сегашната блокада.

Конститутивната седница на собранието на приштински институции денеска беше прекината по 41-ви пат, бидејќи предлогот на Самоопределување гласањето за избор на претседател на собранието да биде тајно повторно не беше усвоен.


Слично

Поврзани вести