(ВИДЕО) Адеми бега од средношколците, тие не се откажуваат ?!
Веќе со денови гимназијалците се надвор од училишните клупи и ја бојкотираат наставата.
Незадоволството кај нив и нивните родители од ден на ден се повеќе се зголемува поради игнорантскиот однос кој го покажува министерот Адеми кон нив.
Ширум земјава се бојкотира а во склоп на бојкотот се организираат и спортски активности како и петиција за поддршка на Средношколскиот Пленум.
Наставата е бојкотирана во сите скопски училишта, во Битола, Куманово, Охрид, а денес на бојкотот му се приклучија и тетовските гимназии.
Актуелниот Закон за средно образование од месец септември 1995 година до сега има претрпено околу триесет измени и надополнувања, што според родителите и дел од експертската јавност се клучните проблеми за носење на избрзани решенија и реформи кои покрај незадоволство предизвикале и конфузија кај учениците и наставниот кадар.
Средношколците бараат да се врати стариот концепт на полагање државна матура, односно да се отфрли електронското полагање на предметите кое според нив е нефункционално, како и да се запре екстерното тестирање и да се дебатира за подобри реформи кои ќе бидат од големо значење за средношколците.
И албанските паралелки во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ денес му се приклучуваат на бојкотот. Тие нагласуваат дека барањата на средношколците немаат никаков етнички и партиски предзнак и се оградуваат од сите етикетирања.
Но, и на почетокот на втората недела од средношколскиот бојкот, министерот Адеми без став.
-Сè уште немаме став во однос на бојкотот, денеска ќе разговараме со министерот па ќе ве известиме. Ваков одговор од портпаролите на министерот за образование денеска доби НОВА на прашање дали министерот Адеми е запознаен дека две недели се случува бојкот во средните училишта и дали ќе ги повика средношколците на дебата.
Мапата на бојкотот на училишта на ниво на Македонија, може да ја погледнете тука.
