(ВИДЕО) Абазовиќ: Се случи трагедија каква Црна Гора не памети
Црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ вели дека денеска во градот Цетиње се случи голема трагедија.
„Ги повикувам сите граѓани на Црна Гора да бидат со семејствата на невините жртви, нивните роднини, пријатели и сите граѓани на главниот град Цетиње“, напиша тој,
РТЦГ неофицијално дознава дека Абазовиќ и министрите ќе ги посетат ранетите кои се хоспитализирани. На местото на масакрот има неколку погребални возила.
Вучко Бориловиќ (34) кој денеска во Цетиње си го уби целото семејство и повреди неколку лица, пукал со ловечка пушка, пишува Телеграф.рс. Неофицијално дознале дека меѓу убиените има и четири деца.
Од РТЦГ информираат дека шест повредени лица се итно хоспитализирани - четворица во болницата во Цетиње, а двајца се префрлени во Клиничкиот центар во Подгорица. Меѓу ранетите има и полицаец.
Делот од градот во Цетиње каде се случи масакрот е блокиран, а се собраа голем број граѓани. Полициските сили се засилени во областа. РТЦГ ги пренесува изјавите на сведоците кои велат дека напаѓачот одел низ населбата и пукал во луѓето на кои наишол.
