(ВИДЕО+18) Феминистки упаднаа на контраверзна исламска конференција
Активистки од организацијата Фемен се качија на бината и прекинаа исламска конференција во Париз.
На конференцијата фундаменталистички свештеници држеле предавања на тема ,, Дали сопругите треба да се тепаат или не?
Активистките на своите тела имале испишано „Никој не ме потчинува“ и „Јас сум својот пророк“.
На видеоснимката се гледа како група мажи со насилни удари ги туркаат жените од бината, а во позадина се слуша како еден маж вика „убијте ги“.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/wM-wxU86v8g[/embed]
По инцидентот во кој активистките се здобиле со полесни повреди, тие се уапсени.
Истовремено стотици приврзаници на екстремниот ислам повикале на каменување и колективно силување на активистките на Фемен.
Инаку, за оваа контраверзна конференција повеќе од 6 000 луѓе потпишаа петиција да се забрани.
Слично
