Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) 15.000 ДЕМОНСТРАНТИ ПРЕДВОДЕНИ ОД АНТИВАКСЕРИ И ТЕОРЕТИЧАРИ НА ЗАГОВОР - во Загреб масовни антиковид протести

(ВИДЕО) 15.000 ДЕМОНСТРАНТИ ПРЕДВОДЕНИ ОД АНТИВАКСЕРИ И ТЕОРЕТИЧАРИ НА ЗАГОВОР - во Загреб масовни антиковид протести

Жестоки антиковид протести вечерва се случуваат и во главниот град на Хрватска Загреб.

Според проценките, се собрале над 15.000 демонстранти на главниот загребски плоштад. 

Биле нападнати и новинарски екипи додека известувале за протестите.

Вечерва дел од демонстрантите се упатија кон зградата на ХРТ во Присавље по завршувањето на протестот против потврдите за ковид на главниот плоштад во Загреб.

Демонстрантите пред ХРТ ги пречека интервентната полиција која им го блокираше влезот во зградата.

Демонстрантите и викаа на полицијата „застанете покрај нас“, а дел од нив побараа од полицијата да им дозволи да разговараат со претставници на ХРТ. Тие извикуваа навреди кон новинарите, јавува ХРТ.

„Бараме одговорна ХРТ да го разреши генералниот директор“

„ХРТ го лаже хрватскиот народ, шири страв, непријателска пропаганда! Барам одговорен ХРТ и ние да го разрешиме генералниот директор“, рече еден човек пред ХРТ.

„Донесете го уредникот и снимајте не во живо. Ова не може да биде фабрика за цензура. Зошто ви плаќаме!“, порачаа демонстрантите.

На снимката се гледа како тие извикуваат „Предавство, предавство“.

Демонстрантите ги предводи активистот и теоретичар на заговор Марко Францишковиќ, кој денеска зборуваше на протестот против потврдите за ковид во центарот на Загреб.

Протестот не бил пријавен во полиција

Организатор на протестот е граѓанското здружение Иницијатива за права и слободи, а протестот го поддржа и ултра-католичкото здружение Вигиларе.

Од загрепската полиција велат дека протестот не бил пријавен, но дека знаат за него. Полицијата секогаш е на масовни собири за да го обезбеди јавниот ред, велат од полицијата и додаваат дека тоа ќе го снимаат.


Извор: Индекс, ХРТ

Слично

Поврзани вести