Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вицепремиерот Битиќи конечно го пријави имотот: Куќа, возило и кредити севкупно од 400.000 евра

Вицепремиерот Битиќи конечно го пријави имотот: Куќа, возило и кредити севкупно од 400.000 евра

Фатмир Битиќи, вицепремиерот за економски прашања, го објави Анкетниот лист со податоци за својата лична имотна состојба и таа на неговите најблиски, откако за тоа беше опоменат од Државната комисија за спречување на корупција.

Заменик-претседателот на Владата за изминатото лето за прв пат стана државен функционер, но за да го пријави Анкетниот лист му беа потребни два месеци и гто проби законскиот рок, откако повеќето министри и другите членови на Владата го сторија тоа многу порано.

Битиќи од 2014 поседува куќа во Скопје од 343 метри квадратни во вредност од 17,22 милиони денари. Од возило, поседува Фолксваген T-ROC од 1,2 милиони денари а произведено во 2018. Има и два кредити кои му истекуваат во 2040, од кои едниот од 3, а другиот од 1,5 милиони денари. Сопругата на Битиќи поседува возило Мерцедес Е220, произведено во 2018, со вредност од 1,8 милиони денариа, има и сопственички удел од 310.000 денари. 

Покрај Битиќи, опомената за неподнесен Анкетен лист од „Антикорупциска“ беше и министерката за култура Ирена Стефоска. Сега таа навела дека поседува два стана од кои едниот од 56 метри квадратни од 2,1 милиони денари а другиот од 922.00о денари со површина од 16 метри квадратни. И двата се во Скопје, а купени во 2001, односно 1984. Стефоска има и заем од 200.000 денари.

Битиќи пред два месеци за прв пат е избран како државен функционер, а претходно извршуваше само партиска функција во СДСМ како претседател на комисијата за финансии, а беше и советник за економија во премиерскиот кабинет на Зоран Заев.

Премиерот Заев за него рече дека во Владата доаѓа од бизнисот, како поранешен извршен директор на Стопанската комора на Северозападна Македонија.

А.К.

Слично

Поврзани вести