Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВИАТОР И ВЕКТОР: Искуството и човечкиот потенцијал се наша најголема предност!

ВИАТОР И ВЕКТОР: Искуството и човечкиот потенцијал се наша најголема предност!
Виатор и Вектор доо Скопје е компанија која нуди комплетни логистички решенија како: царинско застапување, транзитно работење, организација на секаков вид на транспорт, складирање и дистрибуција. Предност на компанијата е што има долгогодишна традиција за извршување на логистички услуги и акумулирано знаење во оваа област, па поради тоа услугата е прилагодена на специфичните потреби на купувачите. Клиентите на оваа компанија, која е една од најстарите македонски шпедитерски куќи во Македонија, можат да очекуваат адекватна понуда со обезбедување специфични услуги на креирање на интегрирани логистички решенија, избор на транспортни средства, организација на секаков вид на транспорт, пакување и препакување на стоките, складирање и дистрибуција. Една од многуте услуги е и транспортот на збирни пратки која се издвојува по бројните поволности за клиентите. 12356873_10207960489026967_8905985806014635914_o“Оваа услуга бара огромна експертиза од страна на организаторот и развиена мрежа на соработници во странство. Како една од најстарите шпедитерски компании во Македонија, со реноме стекнато низ годините, соработуваме со неколку водечки логистички компании од Европа и регионот. Во соработка со нашите партнери нудиме превоз на збирни пратки преку нашите редовни збирни линии од и до Западна, Централна и Источна Европа како и преку редовните збирни линии од Македонија до Балканските држави и vice versa. Заедно со нашите партнери располагаме со 5 дистрибутивни центри во Минхен, Дизелдорф, Братислава, Белград и Скопје со вкупна површина од 90.000 м2. За нашиот збирен транспорт карактеристично е тоа што редовните збирни линии се со точно утврдени термини на поаѓање и пристигнување, преземањето на збирните пратки од било која држава се одвива во рок од 24-48 часа по добивање на нарачка за превоз, транспортот е од врата до врата, а испораката е навремена и точна”,  вели првиот човек на Виатор и Вектор Владо Коцаре. Logistika-v-07 Управувајќи со складиштето од 5.000 м2 и 18 логистички специјалисти, Виатор и Вектор врши складирање, манипулација, претовар и други дополнителни услуги со додадена вредност (препакување, етикетирање, одбележување на стоките, сортирање и сл.). За одбележување се услугите на припремање на стоките по продажни налози на ниво на палета и кутија, дистрибуција на стоки низ Македонија како и повратна логистика на амбалажа или готов производ. 623 Од компанијата велат дека нивните  вработени, со своето акумулирано знаење и искуство во извршување на логистичките услуги, ја создаваат клучната предност пред конкуренцијата. „Благодарение на стручноста и посветеноста на сите вработени, во можност сме да понудиме интегрирани логистички решенија прилагодени на компаниите во зависност од нивните потреби и стопанската  гранка на која припаѓаат. Преку користење на нашите специјализирани логистички услуги и благодарение на високото ниво на стручност на нашите вработени, потенцијалните клиенти на Виатор и Вектор ќе добијат значително подобрен процес на работење и квалитет на производи, но и намалени оперативни трошоци“, вели директорот Коцаре.
Слично

Поврзани вести