Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ви треба британска виза? Се менува начинот на аплицирање!

Ви треба британска виза? Се менува начинот на аплицирање!
Сите македонски граѓани на кои им е потребна британска виза, од 26-ти март апликациите ќе треба да ги доставуваат до компанијата Teleperformance. Оваа компанија потпиша договор со британската Агенција за визи и миграција за да ги спроведува барањата за британски визи. Канцеларијата на компанијата ќе биде во трговскиот центар Соравија и ќе работи од 9 до 13 часот, три дена во неделата -  понеделник, вторник и среда. Апликациите за визи ќе се примаат со претходно закажан термин. Услугата ќе чини 59 фунти кои ќе се наплаќаат во евра според моменталната конзуларна курсна листа, која што претходно е одобрена од Парламентот на Обединетото Кралство. Повеќе информации за начинот на апликација можат да се добијат на вебстраницата на британската амбасада. Британската Агенција за визи и миграција на 30 септември објави дека глобалните договори за оперирање со центрите за аплицирање за визи им се доделени на две фирми - Teleperformance Ltd i VFS Global.  
Слично

Поврзани вести