Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВИ-балонот пред пукање? Трилиони долари се вложуваат, инвеститорите бараат реална заработка

ВИ-балонот пред пукање? Трилиони долари се вложуваат, инвеститорите бараат реална заработка

Големата трка во вештачката интелигенција сè повеќе личи на тест за нервите на Волстрит. Според „Гартнер“, светската потрошувачка за ВИ во 2026 година се очекува да достигне 2,52 трилиони долари, што е раст од 44 проценти на годишно ниво. Најголем дел од парите одат во сервери, дата-центри и инфраструктура потребна за развој на ВИ-системи.

Фокусот е врз најголемите технолошки компании. „Мајкрософт“, „Алфабет“, „Амазон“ и „Мета“ годинава се очекува да вложат повеќе од 600 милијарди долари во ВИ-инфраструктура, пишува „Ројтерс“. Овие компании заедно вредат над 10 трилиони долари и имаат големо влијание врз движењето на индексот Ес-енд-Пи 500.

Токму затоа инвеститорите се сè повнимателни. „Голдман Сакс“ предупредува дека околу 75 проценти од вредноста на Ес-енд-Пи 500 зависи од очекувана заработка по наредната деценија, што потсетува на периодот пред пукањето на дот-ком балонот. Доколку долгорочните очекувања за раст се намалат за само еден процентен поен, вредноста на индексот би можела да падне за околу 15 проценти.

Засега ВИ останува најсилната приказна на пазарите, но прашањето е дали огромните вложувања ќе се претворат во реални приходи. Банката на Англија веќе предупреди дека пад на вреднувањата поврзани со ВИ може да создаде ризици за финансиската стабилност, а ММФ оценува дека корекција на ВИ-акциите, заедно со построги финансиски услови, може да го намали глобалниот раст за 0,4 процентни поени во 2026 година.

Слично

Поврзани вести