ВФП ПЕНЗИСКО ДРУШТВО ИМА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УПРАВЕН ОДБОР, Марио Ѓорѓиев на местото на Гоце Новачевски
Во Друштвото за управување со доброволни пензиски фондови ВФП Пензиско друштво АД Скопје има промени во органите на управување, за што известуваат преку објава на Македонската берза.
- Согласно одредбите од член 166-Б став 1 алинеја 4, Друштвото за управување со доброволни пензиски фондови ВФП Пензиско друштво АД Скопје известува за следните промени во органот на управување: Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување донесе решение од 29.09.2022 година со кое се дава одобрување на изборот на г-дин Марио Ѓорѓиев за член на Управниот одбор на ВФП Пензиско друштво АД Скопје, на местото на дотогашниот член г-дин Гоце Новачевски. Новиот член на УО, г-дин Марио Ѓорѓиев ќе ја извршува функцијата Претседател на Управниот одбор на Друштвото до истекот на неговиот мандат - се вели во соопштението.
Притоа се додава дека „Врз основа на тоа, направена е промена во составот на Управниот одбор на ВФП Пензиско друштво АД Скопје во Централниот регистар на Р. Северна Македонија“.
