Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ветувањето на Заев за плата од 30.000 денари прогласено за исполнето

Ветувањето на Заев за плата од 30.000 денари прогласено за исполнето

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија го прогласи за исполнето ветувањето на поранешниот премиер Зоран Заев дадено во 2016 дека просечната нето-плата ќе достигне до 30.000 денари, иако во меѓувреме имаше уште едни вонредни парламентарни избори во 2020.
Од „Бихаќка“ излегоа со оваа констатација откако вчера Државниот завод за статистика објави дека просечната месечна нето-плата по вработен во месец декември 2021 изнесувала 29.943 денари.
„И во време на глобална економска и здравствена криза не застанува растот на платите во државата. Последните податоци од Државниот завод за статистика говорат дека просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, ​ во ​ месец декември 2021 година изнесува 29.943 денари, што е за 5,8 отсто повеќе во однос на декември 2020 година.

Исполнивме уште едно ветување дадено пред граѓаните, просечната плата веќе достигнува 30.000 денари. Новата Влада предводена од СДСМ за неполн месец, направи историско покачување на минималната плата, а следен чекор е големо покачување на пензиите“, објави СДСМ.


Слично

Поврзани вести