Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ветровит ден, интензивни дождови во текот на вечерта и ноќта

Ветровит ден, интензивни дождови во текот на вечерта и ноќта

Петок ќе биде врнежлив и ветровит. Ветерот ќе има „врв“ околу пладне и попладне, кога ќе дува претежно од југоисток и ќе биде локално силен. Веднаш по максумумот на ветерот ќе започнат врнежите, кои пак ќе се интензивираат во текот на вечерта и ноќта, информираат од МЕТЕОПРО.

Запдниот и јужниот дел од земјава очекуваат нешто повеќе врнежи, а можно е интензитетот нагло да им се зголеми околу полноќ. На планините над 1200 метри ќе врне снег, кој ќе биде доста поинтензивен на планините долж западната граница.

Јужното струење ќе донесе и значително потопол воздух кон нашата земја. Максималната температура ќе има вредност околу 9°С низ котлините во земјава. Во котлините од јужниот дел на земјава ќе достигне вредност околу 11°С. На повисоките места во западниот дел од земјата ќе достигне вредност околу 4°С, а во источниот крај околу 8°С.

Во скопската котлина се очекува облачно време со врнежи од дожд. Дождот ќе се интензивира во текот на ноќта. Околу пладне се очекува засилен југоисточен ветер. Дневниот максимум на температурата на воздухот ќе достигне вредност до 10°С.

Слично

Поврзани вести