Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВЕТО: Ќе нема пари за пензии и плати или спин во партиски цели?

ВЕТО: Ќе нема пари за пензии и плати или спин во партиски цели?
Државната изборна комисија треба веднаш или најдоцна утре да заседава и да пресече, ќе има ли ново задолжување од 100 милиони евра. Додека се чека одлуката на ДИК по ветото на Кире Наумов, продолжуваат партиските преписки, потребни се или не новите пари. Атмосферата во јавноста деновиве наликува како онаа пред буџетските настани во декември 2012, кога се креираше атмосфера дека ако не биде донесен буџетот, Македонските граѓани ќе останат без пари за плати и пензии. Според министерството за финансии со ветото, е загрозена исплата на пензии и плати. Ветото на опозициската СДСМ на издавањето државни хартии од вредност значи дека пензиите нема да се исплатат на почетокот на месецот,нема да се исплатат платите за полицијата, војската, здравствените и образовните работници, социјалната помош, ќе се запре изградбата на патишта, водоводи, капитални проекти, ќе се запре исплатата на субвенции, пишува Министерството за финансии. Непосредно пред да бидат објавени проспектите за новото задолжување на домашен терен, министерот за финансии Зоран Ставрески изјави дека граѓаните треба да бидат спокојни оти се обезбедиле пари за покривање на тековните трошоци и дека Македонија, според мерењата на Еуростат е четврта по ред, најмалку задолжена економија во Европа. Како, со која вредност и рочност ќе се спроведат и преостанатите задолжувања што се најавени до крајот на оваа година, допрва ќе се знае. Од СДСМ остануваат на ставот дека ќе го спречат секое непотребно задолжување кое може да влијае врз изборите. СДСМ нема да дозволи заради неразумните трошења на власта граганите да останат без плати, пензии, социјална помош. Но исто така СДСМ нема да дозволи неразумните и недомакински политики на Груевски да бидат товар на идните генерации, пишува СДСМ. Новото задолжување од скоро 100 милиони евра заврши во Државната изборна комисија. Имено, до вторник ДИК треба да одлучи по ветото што го стави дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов на ново задолжување, за кое треба да се оцени дали има влијание врз  изборите.
Слично

Поврзани вести