ВЕТО И ЗАДОЛЖУВАЊА: СДСМ ќе ја оспорува одлуката на ДИК !
Денеска Министерството за финансии бара нов заем од домашните кердитори. Преку две акуции на државни хартии од вредност сака да позајми половина милион евра. Дали овој нов заем ќе се сведе на најавената сума, ќе се знае по завршување на продажбата на државните хартии од вредност. На дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов, по последната одлука на Државната изборна комисија, практично му беше оспорено ветото што може да го стави при одржување на државните аукции. Според информации на “Фактор“, опозициската СДСМ, преку Наумов планира да ја оспори одлуката на ДИК.
“По последната одлука на ДИК, како што толкува и министерот за финансии Ставрески, Наумов практично не може да стави вето на домашните задолжувања. Извесно е дека ќе има постапка преку која правно ќе се оспори, односно ќе се бара да се поништи последната одлука на Државната изборна комисија. Еден од клучните аргументи би бил дека ДИК немал надлежност да одлучува во состав кој беше во заминување“, коментираат упатените.
Според нив одлуката на ДИК се коси со ветото што претходно Наумов го стави за задолжувањето со Еврообврзницата, па оттука се отвора прашањето како е можно правото на вето да важи при задолжување од странство, но не и за задолжување од домашните кредитори кога станува збор за заеми за кои има сомнени дека може да бидат поврзани со предизборни трошења.
Според новата законска регулатива, која беше усвоена како резултат на политичкиот Договор од Пржино, дополнителниот заменик министер за финансии има право на вето во случаи на предизборни трошења на државни пари, односно дека за такви одлуки ќе биде потребен двоен потпис, и од министерот и од доплнителниот заменик министер.
Денеска треба да спроведат две акуции преку кои ќе се продаваат хартии од вредност со рок на доспевање од 364 денови и десет годишни обврзници . До крајот на годинава закажана е уште една аукција за заем од домашните кредитори.
Д.А.
Слично
