ВЕТИ ЗГОЛЕМЕН ТИРАЖ: Горан Петрески го наследи Горан Михајловски во „Вест“!
Од денеска дневниот весник „Вест“ доби нов главен уредник.
На местото на Горан Михајловски, доаѓа Горан Петрески од уредник на информативната програма во МТВ.
Како предизвик пред себе Петрески си поставил зголемен тираж и продажба на весникот.
Донеодамнешниот одговорен уредник на дневниот весник „Вест“, Горан Михајловски, во последното издание за 2015 година се поздрави со своите читатели.
“Жал ми е што и покрај тоа што сопственици на компанијата се едни од најуспешните бизнисмени во земјава и во регионот, тие не успеаја да го заштитат весникот од политичката криза. Жал ми што и врвниот светски политичар и дипломат Срѓан Керим, како еден од газдите и заштитно лице на успешната компанија МПМ, не успеа да ги заштити јавниот интерес и “Вест”од политичката криза” – напиша Михајловски во колумната, под наслов „Слика убава“.
Михајловски го водеше весникот од основањето, но менаџментот одлучил да не му го продолжи договорот кој му заврши на 31 декември 2015 година.
