Ветерот носеше покриви, силно невреме ја погоди Словенија
Силно невреме ја погоди Словенија, каде ветерот носеше покриви.
Невремето ги погоди источните делови на државата, пишува „Н1 Словенија“. На дел од местата падна и град со големина на орев.
Локалните бури со силен ветер најпрво ја зафатија источна Словенија. Во Марибор и околината беа скршени дрвја и гранки, а оштетени беа и покриви. Штети од ветерот беа пријавени и во областа Словенске Горице, меѓу кои во Света Ана, Свети Јуриј во Словенске Горице и Ленарт.
Податоците од Дирекцијата за заштита и спасување покажуваат дека поради штетите од ветерот се почнати десетици пожарникарски интервенции во Света Ана, Јуровски Дол, Бенедикт, Ленарт, Горња Радгона, Шентиљ, Старш, Дуплек, Радељ об Драви и Словенска Бистрица.
Најмногу работа имало во Света Ана, каде што Доброволната противпожарна служба преку Фејсбук ги замоли граѓаните за трпение поради големиот број интервенции.
Претседателот на противпожарната служба „Света Ана“, Грегор Ласецки, за „Н1“ изјави дека пожарникарите се на терен.
Foto: Pigac.si