(ВИДЕО-ФОТО) Ветерот беше толку силен што превртуваше камиони во Албанија
Невреме проследено со силен ветер и снежни врнежи ја зафати речиси цела територија на Албанија.
Силниот ветер низ патштата преврте три тешки товарни возила на различни места во околијата Лежа, каде јачината на ветрот беше најголема, пренесоа медиуми од Албанија.
Ветерот урна многу билборди и верткална сигнализација, откорна дрва и носеше покриви од куќи, а без струја остави неколку делови во земјата.

Во Албанија се вратија и снежните врнежи, кои ги има насекаде, па дури и во пристанишниот град Драч.
Снежната покривка е најголема во северниот и северосточниот дел на земјата, која посебно создава проблеми во одвивањето на сообраќајот на дел од автопатот Тирана-Кукс.
Foto: Almakos
Слично
