Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ветената земја паѓа во рецесија

Ветената земја паѓа во рецесија

Швајцарската економија би можела во текот на годината да падне во рецесија поради полетувањето на курсот на франакот предизвикан со одлуката на швајцарската банка.

Друга причина би можел да биде падот на цената на нафтата, соопштил циришкиот институт за економски истражувања КОФ.

Институтот ја соборил својата прогноза на економска активност на земјата за 2015 на минус 0,5 одсто, додека во минатата прогноза, објавена во декември, сметал на економски раст од 1,9 одсто за тековната година.

За наредната, 2016 КОФ предвидува нулта раст на бруто домашниот производ , за разлика од 2,1 одсто, од декемвриската прогноза, пренесува Ројтерс.

КОФ предвидува кратка рецесија во текот на летото, што ќе предизвика пад на БДП на ниво на цела година од 0,5 одсто се додава во соопштението.

Според предвидувањата на експертите на овој институт, стапката на невработеност во 2015 година ќе се зголеми на 3,4 одсто од работно способното население и на 4,1 одсто во 2016 додека минатата година изнесувала 3,2 одсто.

Потрошувачките цени ќе паднат 1,5 одсто за тековната година, додека во претходната прогноза Институтот сметал на стапка на дефлација од 0,1 одсто.

Истиот извор потсетува дека во почетокот на јануари швајцарската централна банка објавила дека ја напушта политиката на фиксирање на домашната валута во вредност од 1,2 франци за евро, што предизвика скок на курсот и страв кај извозниците.

Слично

Поврзани вести