Ветената земја граби напред и го билда економскиот раст
Канадската економија во последниот квартал лани имаше поголем раст од очекуваниот.
Растот е потпомогнат од приватната потрошувачка. На растот влијаело и закрепнувањето на активностите на пазарот на недвижности, покажале објавените официјални податоци на канадската канцеларија за статистика. Бруто домашниот производ на Канада во четвртиот квартал се зголемил за 2,6% на годишно ниво. со што е надмината проценката на економистите од 2%, пренесе Ројтерс.
Но, овие податоци се пониски од растот во третиот квартал кој тогаш изнесувал 3.8%.
Инвестициите во резиденцијални објекти пораснале за 4.8% по пад во два квартали.
Зголемената испорака на сирова нафта и битумен го зголемила извозот за 1.3%, а увозот се намалил за 13.5%.
