Економија, финансии, бизнис

Контакт

Веста за скопските земјотреси се прошири во регионот

Веста за скопските земјотреси се прошири во регионот

Веста за скопските земјотреси брзо се прошири во медиумите во регионот.

Белградски Блиц пишува за двата потреси од утрово кои се почувствувани и во околината на Скопје, при што Блиц потсетува и на катастрофалниот земјотрес од 1963 година.

„Три силни земјотреси во Скопје, почувствувани се во цела Србија“ - пишува Б92. Се наведува дека епицентарот бил на 7 км источно од Скопје.

Како што пренесува Ројтерс, паника имало меѓу граѓаните, а имало и пукнатини на згради.

И бугарската Нова тв пишува дека земјотресот од Македонија е почувствуван и кај нив. Нова тв пренесува дека граѓаните ги напуштаат домовите, а нема информации за жртви.

РТЦГ пренесува дека Скопје го погоди земјотрес од 5 степени. Пишуваат дека земјотерсот е на 40 км од границата со Србија и дека во одредени села нема струја.

Слично

Поврзани вести