Економија, финансии, бизнис

Контакт

Веста дека Трамп е заразен ја урна цената на нафтата

Веста дека Трамп е заразен ја урна цената на нафтата

Се намали цената на нафтата по веста дека американскиот претседател Доналд Трамп е заразен со коронавирусот. 

Таа сега чини помалку од 40 долари за барел. 

На лондонскиот пазар цената на барелот се намали за 1,67 долари во споредба со претходното затворање и изнесува 39,26 долари. 

На американскиот пазар падна за 1,62 долари на 37,10 долари.

Американскиот претседател на Твитер објави дека тој и првата дама Меланија Трамп се позитивни на ковид-19, што предизвика пад на берзите во САД и Европа.

Имаше и неуспешни преговори меѓу спикерот на Претставничкиот дом Ненси Пелоси и Белата куќа за нов стимул за економијата на САД, потресена од корона кризата.

Слично

Поврзани вести