Кои весници и телевизии се најголеми медиумски донатори во изборната кампања?
Имињата на медиумите се објавени на листата на донатори, под ставката „услуга“.
Повеќе од 30 тина медиуми, главно телевизии, со национална и локална концесија, од Скопје и од други градови се најдоа на донаторската листа на Коалицијата “За подобра Македонија“ предводена од владеачката ВМРО ДПМНЕ.
МПМ 251 061 евра
ТВ Сител 160 227 евра
Канал5 144 480 евра
ТВАлфа 76 000 евра
ТВ Тера 9 000 евра
Наша ТВ 5 995 евра
На листата на донатори на Коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ се уште триесеттина други медиуми од Гевгелија, Кочани, Охрид, Струмица, Кавадарци и други градови во земјава.
Според конечниот финансиски извештај оваа коалиција за рекламирање во текот на изборната кампања потрошила 1,5 милиони евра, пари обезбедени главно од донации.
На донаторските листи на опозициската СДСМ, и на двете партии од албанскиот блок, ДУИ и ДПА не се регистрирани имиња на медиуми кои се појавуваат во улога на донатори на изборната кампања.
За рекламирање на изборните програми и активности, опозициската коалиција “Сојуз на иднината“ потрошил 221 000 евра, владеачката ДУИ 350 илјади евра додека албанската опозициска ДПА потрошила околу 8 000 евра.
Според правилата што ги предвидува Изборниот закони, граѓаните поединечно можат да донираат по 5 000 евра додека донацијата на фирмата не смее да надмине 5 % од вкупниот приход.
Редакција Фактор