Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВЕСНА СТАНОЕВСКА: 70 отсто од народот на „Браќа Манаки“ не ги интересира филм!

ВЕСНА СТАНОЕВСКА: 70 отсто од народот на „Браќа Манаки“ не ги интересира филм!
Актерката Весна Станоевска не сака да ги коментира случувањата со скандалот на „Браќа Манаки“ но е прилично сигурна кога вели дека најголемиот дел од посетителите на филмскиот фестивал воопшто не ги интересира филмот. Фактор: На  овогодинешниот  фестивал  на филмска камера „Браќа Манаки“   гостите продефилира на црвениот тепих , но проекцијата на филмот Облаците на Силс Марија“   во кој главната улога ја игра актерката од светски ранг  Жулиет Бинош протече во полупразна сала.  Дали сме заложници  на македонско провинциска помодарска култура на црвениот тепих да не видат, наместо да гледаме?      Весна Станоевска:  Мислам дека 70% од народот што се појави на отварањето на Браќа Манаки воопшто не ги интересира филм, во принцип голем број од луѓето кои навистина го сакаат филмот  не се ни појавуваат на вакви случувања (освен ако не учествуваат во самиот филм) и затоа и не сум изненадена дека само се дотераа  прошетаа по црвениот килим и ставија по некоја слика на фејсбук..Сигурна сум дека истите тие незнаат ни која е Жулиет  Бинош . Фактор: Како ја толкувате реакцијата на режисерот Столе Попов кој  ги омаловажуваше новинарите,  како и неговата  констатацијта дека фестивалот  наликувал на селска манифестација? Весна Станоевска: Навистина не би можела ништо да одговорам на ова прашање затоа што незнам што точно се случило. Фактор: Каде оди македонската кинoмaтографија и по бројот нa снимените филмови и по  привлечност на филсмките сценарија? Весна Станоевска: Мислам дека во последниве години навистина почнаа  да се снимаат повеќе филмови за разлика од порано и тоа е одлично, некои се подобри некои не толку добри и веројатно проблемот е во  сценаријата ...мислам дека ако едно сценарио е добро,раскажува добра приказна ,има добри ликови итн . треба да се сними без разлика дали тоа сцеженарио е напишано од човек кој  за тоа учел (сценаристи и режисери) или од некој друг кој навистина знае да раскаже добра приказна. Фактор: Зошто нема домашна продукција на играна серија и  до кога вие актерите ќе бидете  репродуктивци чија улога се сведува на синхронизација  на турски серии? Весна Станоевска: Тоа прашање не би требало да е упатено до мене туку кон телевизиските и продуцентски куќи...најверојатно им е поедноставно и "поефтино" да надсинхронизираат одколку да снимаат.А актерите го работат она што го учеле и за што се платени,било тоа да е играње или надсинхронизирање во серија. Горазд Чомовски
Слично

Поврзани вести