Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВЕСЛИ КЛАРК: Мислам дека Србија на крајот ќе го признае Косово

ВЕСЛИ КЛАРК: Мислам дека Србија на крајот ќе го признае Косово

Мислам дека Србија на крајот ќе го признае Косово, вели поранешниот врховен командант на НАТО Весли Кларк. 

Тој  изјави дека присуството на КФОР е важен фактор за зачувување на мирот и стабилноста на Балканот.

„Мислам дека и добрата работа на амбасадорот Кристофер Хил во Србија е позитивен фактор. Верувам дека правиме сè што можеме од перспектива на САД и од перспектива на НАТО за да се осигураме дека нема да има нов конфликт на Балканот. Но, знаете, многу зависи од тоа што се случува во Украина. Западните земји и Вашингтон треба да ги интензивираат напорите за да ѝ дадат на Украина поголема воена помош и да ѝ помогнат на Украина да се одбрани од руската агресија“, рече Кларк.

Инаку, српските власти се лутат затоа што Дора Бакојани од Грција дава поддршка Косово да влезе во Советот на Европа. 

Се очекува дека месецов, Косово ќе влезе во Советот на Европа.

Слично

Поврзани вести