Економија, финансии, бизнис

Контакт

Весиќ вели дека Курти го покажа своето вистинско лице во Македонија

Весиќ вели дека Курти го покажа своето вистинско лице во Македонија

Изјавите на косовскиот премиер Албин Курти дадени неодамна во Тетово, уште се коментираат во регионот. 

Министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура на Србија, Горан Весиќ, изјави дека Курти, го покажал своето вистинско лице во Македонија и дека неговата политика е „Голема Албанија“. Во гостување на Пинк кажа  дека тој е подготвен за војна и дека нема што да изгуби. Весиќ го пофали Отворен Балкан, но и добрите односи на Србија и Унгарија. 

Инаку, Курти при посета на Тетово, кажа дека Македонија треба да се држи до Косово, Албанија и Бугарија, а не кон Србија. Ова го вознемири регионот. 

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска побара од неговите функционери да бидат внимателни во изјавите за да не кажат нешто што би можело да биде искористено од страна на други. 

Слично

Поврзани вести