Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вештачењето на проектилите заврши, се бараат напаѓачите врз Владата

Вештачењето на проектилите заврши, се бараат напаѓачите врз Владата
Министерството за внатрешни работи го заврши балистичкото вештачење на калибарот на двата проектили кои завчера вечер завршија во зградата на Владата, како и на насоката од која била испукани, но резултатите не се објавуваат во јавност. Тие ќе бидат доставени до Јавното обвинителство, по што ќе продолжи истрагата за пронаоѓање на сторителите, информира МВР. Полицијата ќе продолжи да работи по насоките на Обвинителството до целосно расветлување на овој случај. Двата проектили во вторникот вечерта завршија во владината зграда - едниот во источната фасада, а другиот во покривот. Повредени во инцидентот нема. Истрагата треба да ги расветли и мотивите за нападот.
Слично

Поврзани вести